Со претставата „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“, независниот театар „Златен Елец“ вечервва гостува на 9. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса, Турција. Режисерка на претставата е Ана Батева, музиката е на Стефан Здравески, а играат: Бобан Алексоски, Давид Илиќ, Александар Михајловски, Миа Кантарџиева-Петровска, Надица Петрова и Димитрина Мицкоска. Текстот е на познатиот израелски автор Ханон Левин.

Претставата е заеднички проект на „Златен Елец“ и „Спам студиос“ oд Бугарија. Фестивалот завршува во четврток.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.