Претставата „Пингвинот“ вечерва на „Sирни 05“ во „Котур“

Во „Котур“ во Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Пингвинот“ во режија на Тамара Стојаноска, во рамките на фестивалот „Ѕирни 05“. Ова е трета изведба на „Пингвинот“, а игра актерот Лео Поповиќ. Претставата е во продукција на независниот Театар „Златен Елец“ Скопје.

Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје

Театар „Златен Елец“ овој месец освен „Пингвинот“, ќе ги одигра и претставите „Грета“(18.10 Театар Штип), „Кенди“(20.10 Ј.Х.К Џинот Театар Велес), „Не се курчи“(21.10 Оз Клуб Скопје).

Моментално во подготовки е нова претстава за деца која ќе се случи на крајот на месец октомври, а исто така се работи на новата независна продукција планирана за месец ноември во театарот во Велес.

Сподели