„Новогодишната желба на Снеже“ во Театар Комедија

Претставата „Новогодишната желба на Снеже“ според текст на Трајче Кацаров, а во режија на Благој Веселинов, ќе биде изведена утре во 11 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје. Во претставата играат: Јована Тасева, во улогата на Снеже, Јордан Атанасов, во улогата на Таткото, Цветанка Атанасова, во улогата на Мајката, Љубица Ќортошева, во улогата на Поштенското сандаче, Андреј Роглев, во улогата на Момчето иИ лија Роглев, во улогата на Дедо Мраз.

Музика е дело на Бранко Сапламаев, костимите – на Сара Милевска, сценографијата – на Виктор Семенпеев, а за шминката се погрижи Ана Димчевска Семенпеева. За анимацијата и дизајнот на плакат се погрижи Трајче Павлов.

Билетите се бесплатни и се подигаат на билетарницата пред претставата.

Сподели