Театарска претстава „Мојот маж“ од нашата писателка Румена Бужаровска, во продукција на Југословенско драмско позориште од Белград вечерва во 21 часот ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Режијата е на Јована Томиќ, дрaмaтург е Димитриje Кoкaнoв, а кoстимoгрaфијата е на Maja Mиркoвиќ. Улогите ги толкуваат Jована Беловиќ и Сања Mарковиќ. Претставата се игра во рамките на фестивалот „Охридско лето“ и не се препорачува за помлади од 16 години.

Румена Бужаровска во збирката раскази „Мојот маж“ создава портрети на различни жени, а поентата на нивната поврзаност е фактот дека мажите се централен фокус на нивните животи и постапки. Создавајќи ги ликовите на нејзините хероини, Бужаровска храбро, грубо и духовито си поигрува со сите општи места на локалниот контекст, прецизно формирајќи ја иконографијата на патријархатот во кој сите сме заробени. Динамиката на односите е секогаш иста – мажот е на пиедесталот, додека жената во сивата зона на постоењето ги реализира своите цели и потреби без да ја наруши или загрози машката позиција и моќ.

Јована Томиќ дипломски и магистерски студии завршува на Факултетот за драмски уметности во Белград, на катедрата за театарска и радио режија, во класата на Алиса Стојановиќ. Во Југословенско драмско позориште таа ја поставува претставата од Г. Е. Лесинг „Натан Мудриот“ (2019). Ги режирала претставите: „Г-дин Бидерман и пироманите“, „Урнебесна темнина“ (Ателје 212), „Кабаре Нушиќ“ (Театар Зоран Радмиловиќ, Зајечар), „Лолита“ (Мадленианум), „Боси во паркот“, „Лисистрата“ (Национален театар Суботица), „Чекаќи ја иднината“ (Паоло Граси), „Егзодус„ (Драгстор, 20/44) и многу други. Добитник е на првата награда на Радио Белград 2, на конкурсот за радио драма „Неда Деполо“. Претставата „Движење“ и носи шест награди во рамките на 65 тиот фестивал „Стерјино Позорје“.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.