Дистописката слика на Скопје од иднината: Претставата „Дримкечер“ во „Фросина“

Претставата „Дримкечер“ вечерва во 20 часот ќе биде изведена во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар во Скопје. Дистописката слика на Скопје од иднината ќе ја претстават актерите Сара Климоска, Хари Михајловски, Тамара Ристоска и Стефан Петровски. Тие ги играат улогите на четири улични музичари чиј живот комплетно се менува под ефектите на новата сф технологија. Продукцијата е на „Скоро театар“.

Претставата е напишна од Натали Спасова, во режија на Виктор Бужаров и Спасова, а процесот на подготовка се одвива во Прага, со помош на културната организација D Theater и фондацијата Culture Moves Europe. За потребите на оваа претстава се користи зелен транспорт и се изработени музички инструменти од отпад со цел да се намали конзумеризмот од ирскиот музичар Деклан Гакиен, кој исто така е и композитор на музиката за претставата.

Графичкиот дизајн за потребите на претставата е изработен од Стефан Петровски.

Сподели