Меѓународниот театарски „Скупифестивал“ Скопје ќе се одржи од 14 до 19 октомври го организира своето 18. издание, во просториите на Албанскиот театар – Скопје. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „1984“ од Џорџ Орвел, во режија на Игор Менџиски. Играат: Арта Селими, Басри Луштаку, Едона Решитај, Флака Латифи, Шпејтим Кастрати, Џејлане Годанци и Илбер Барди.
На програмата на 18. фестивал ќе биде и „Гидеоновиот јазол“ во продукција на „Интермецо“ и МЕСС Сараево. Автор е Џона Адамс, режијата е на Селма Алиспахиќ, која и игра во претставата, заедно со Хелена Вуковиќ.
Ќе гостува и продукцијата „Тула Лимноа“ од Берлин, со претставата „Децата од прашина“. Исто така, македонската публика ќе може да види романска продукција на „Нижински“ на авторката Ема Николова, во режија на Малина Андреј, а игра Филип Ристовски.

Под насловот „Изведба со маски“ на 18 октомври се организира и работилница на режисерката Сенем Џехвер од Турција.
МТФ Скупифестивал, секоја година носи најразлични перформанси и естетски вкусови. Фестивалот има натпреварувачки карактер, и доделува награда за најдобра претстава на фестивалот. Жирито кое ќе ја додели оваа
награда е составено од три дами: театарската критичарка Хандан Салта од Турција, актерката Дрита Каба Карага и Кети Дончевска Илиќ од Македонија.

Фестивалот ќе биде затворен на 19 октомври во Албанскиот театар во Скопје, со претставата на народниот театар „Иван Вазов“ од Софија – „Елементарни честитки” од Мишел Уелбек, во режија на Крис Шарков, со Теодора Духовникова, Жаклин Даскалова, Димитар Николов, Мартин Димитров, Елена Иванова, Славена Зајкова, Дарина Радева во продукција.
„Скупифестивал“ е поддржан од Министерството за култура, Бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, Телеком на Македонија, Гете Институтот Скопје, весникот КОХА, телевизија АлсатМ и МРТВ.





