Поради тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска, премиерата на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, која требаше да се одигра утревечер на Млад отворен театар, е презакажана за в сабота (27 ноември) во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар. Репризните изведби на претставата (првично закажани на 25 и 26 ноември), се откажуваат, а средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе ù бидат рефундирани, известуваат од Македонскиот народен театар.

Претставата „Нема да биде крај на светот“ е копродукција помеѓу „Перипетија“, МНТ и театарот САРТР од Сараево, а главната улога ја толкува актерката Дарја Ризова.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.