Во независниот уметнички простор на театарот „Сенки и облаци“ во Дебар Маало вечерва во 19 часот ќе се одржи премиерата на нивната новата претстава „Заробениот ветер“. Во нов театарски формат – кутија и интимна атмосфера од само четворица во публиката, ова 7-минутно доживување ја разгледува темата на загадувањето на природата низ призмата на една птица.

Претставата е плод на истражувачкиот процес со „Artpolis“ од Косово, а во рамките на проектот „Culture box“ кој e дел од иницијативата READ (Regional Network for Cultural Diversity), во локална имплементација на Гете Институтот од Скопје и „Loja“.

Претставата ќе биде неколкукратно изведена во просторот во Дебар Маало, во согласност со пропишаните протоколи за настани од јавен карактер. „Заробениот ветер“ е наменета за сите мали и големи деца кои се љубопитни да ѕирнат во кутијата со сенки, а влезот е бесплатен. Во вторник претставата ќе гостува во основното училиште „Џемаил Мустафа“ во Приштина.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.