Премиера на „Вујко Вања“ во Битолски театар

Претставата „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов во режија на Софија Ристевска-Петрушева, Битолски театар премиерно ќе ја изведе в петок (26 јануари) во 20 часот.
– Со радост ве каниме да погледнете претстава што детаљно ги разработува темите за изгубената среќа, срушените надежи, стравот од губењето на домот, стареењето, како и болното секојдневно психолошко преиспитување – дали нашите животи се среќни, дали живеевме онака како што сакаме, или без борба се предаваме на околностите што не заобиколуваат – велат од театарот.

Драматург е Билјана Крајчевска, сценограф – Валентин Светозарев, а костимограф Андреј Ѓорѓиевски-Папаз. Играат: Петар Горко, Александар Димитровски, Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска-Дранговска, Марија Стефановска, Никола Пројчевски и Валентин Дамчевски. Првата реприза е закажана за следниот ден во 20 часот.

Фото: Битолски театар

Сподели