Премиерната изведба на претставата „Сите сме птици“, по текст на Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски ќе се одржи вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар.
Во претставата играат: Дамјан Цветановски – Еитан, Сара Климоска – Вахида, Тина Трпкоска – Еден, Звездана Ангеловска – Леа, Николина Кујача – Нора, Емил Рубен – Етгар, Никола Ристановски – Давид, Петре Арсовски – Вазан, Сашка Димитровска – Болничарка, Драгана Костадиновска – Лекарка. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска, а драматург е Јелена Мијовиќ. Сценографијата на претставата е на Бранко Хојник, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска и композитор е Ирена Поповиќ-Драговиќ.
Следните изведби се закажани на 20 и 21 декември и на 30 и 31 јануари.
Насловна фотографија: Кире Галевски