Премиера на перформансот „Два пати Мери“ на „Скоро театар“

Перформансот „Два пати Мери“ во продукција на „Скоро театар“ ќе биде изведен вечерва и утревечер во 19 часот во „Котур кафе и филм“ во Скопје. Станува збор за интердисциплинарен перформанс што комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија. Текстот на перформансот е на Натали Спасова, а поезијата на Иф Атанасова. Во перформансот исто така е поставена и фотоизложба на Филип Куновски, а музиката е на Александар Бошков.

Се изведува од два тима исторемено на две различни локации, во Прага и во Скопје. Публиката ќе може низ сите канали да го следи животот на двајца луѓе, да види како се претвораат во насилник и жртва и која е улогата на општеството во таа трансформација. Целиот перформанс е инспириран од македонски (и балкански) традицонални поговорки кои ја пренесуваат „мудроста” од генерација на генерација, оставајќи траги и лузни.

Перформансот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и „Смарт Балканс“ – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, а реализиран со поддршка и во соработка со „Котур кафе и филм“.
Картите се во продажба преку продажната мрежа на karti.com.mk. Во Скопје играат Матеа Јанковска и Никола Ристески, а од Прага преку видео – Виктор Бужаров и Иф Атанасова.

Сподели