Премиера на „Недела“ посветен на Џеј Рамадановски во „Синеплекс“

Филмот посветен на Џеј Рамадановски, „Недела“, ќе ја има својата премиера во Скопје вечерва во киното „Синеплекс“ во 19 часот. Филмот ќе се прикажува во три други термини на репертоарот на ова кино.

Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.

Македонските актери Бајрам Северџан (познат по улогите во Џипси Меџик; Црна мачка, бели мачор; Трето полувреме; До Балчак; Преспав) и Емра Куртишова (позната по улогите во Скопје Ремикс и Преспав) ги толкуваат улогите на родителите на Џеј.

Улогите ги толкуваат: Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Милица Јаневски. Филмот е во режија на Немања Цераниќ и Милош Радуновиќ.

.

Сподели