Претставата Manifest 2.0 по концепт, режија и кореографија на Филип Петковски ќе ја има својата премиера вечерва во 20 часот во Културниот центар „Дорчол плац“ во Белград. Претставата „Манифест 2.0“ настанала од потребата за истражување, самообразбата, поразличниот театарски израз и процес.
Оваа претстава е исчекор во уметничката пракса на театарот „Рефлектор“: прв пат водечкиот процес му го препуштиле на режисер-гостин, со цел новиот пристап да остави ново знаење во нашиот уметнички колектив, велат оттаму.
Акцентот е теоријата. Вториот акцент е на физичкиот театар.

Оваа претстава, како и манифестите со кои се занимава ја повикува публиката да ја преиспита улогата на уметноста и перформансот во општеството, бидејќи уметноста не е само форма на забава, туку и критична алатка за општествена трансформација. Почетните текстови се клучни уметнички и општествени манифести, кои го обликуваа нашиот свет. Истражувајќи ја перформативноста на манифестот, ја истражувавме традицијата на авангардата.

– Претставата нуди седум перформативни слики, во кои секој манифест станува живо искуство или отелотворена критика што ја повикува публиката да се вклучи со основните идеи на поинтуитивно и поемотивно ниво. Преку спектаклот на танцот и физичкиот театар, манифестите не само што се набљудуваат, туку и се доживуваат. Со други зборови, ова е игра за обновување на човековата активност и интеракција во свет во кој сè повеќе доминира претставувањето наместо вистинското, опипливо искуство. Преку олицетворение на манифестот, претставата делува како повик за акција, охрабрувајќи ја публиката да ги препознае начините на кои спектаклот ги обликува нашите перцепции и интеракции, барајќи автентични начини на ангажирање со светот околу нас – вели режисерот Петковски.
Во претставата играат: Милена Божиќ, Сунчица Милановиќ, Лазар Николиќ, Ѓорѓе Живадиновиќ и Александар Стоменовски.





