Премиера на македонско-црногорската претстава „Лов на дива свиња“

Во Македонскиот народен театар на малата сцена на 19 јули (20:30 часот), ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња“ од црногорската современа писателка Марија Сарап, а во режија на Наташа Поплавска. Претставата е копродукција на МНТ со Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје. Премиерата е во рамките на „Скопско лето“.

 

Во „Лов на дива свиња“ учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова – Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора.

Премиерната изведба во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември. Претставата е дел од Националната програма за култура за 2025 година и финансиски е поддржана од македонското Министерство за култура и туризам и од Градот Подгорица, Црна Гора, како и од неколку македонски фирми.

Сподели