Премиера на „Лена и Владимир“ во Прилеп

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19.30 часот премиерно ќе биде прикажан македонскиот филм „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов.

Приказната е за двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг за да ја откријат љубовта кон животот.

Улогите ги толкуваат: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски. Филмот е копродукција меѓу Македонија и Србија. Билетите се продаваат на билетарницата во вторник и среда од 10 до 13 часот и два часа пред почетокот на проекцијата.

Сподели