Документарниот филм „Последниот каубој“, во кој Македонија е копродуцент, ќе ја има својата светска премиера на 30. Сараевски филмски фестивал, што ќе се одржи од 16 до 22 август. Македонски копродуцент на филмот е „Круг филм“ од Скопје. Режисер е Тадеј Чатер од Словенија.
Филмот е посветен на славниот каубој од Бјелина, Хари Џексон – човекот што го живеел својот сон да биде каубој и да снима филмови за каубои. За него велат дека го сонувал својот сон и во исто време си го отсонувал својот цел живот. Тој дури го сменил и својот идентитет од Аљуш Мусли до Хери Џексон.





