Претставата „Јас сум Акико“ во режија, адапатација и на Роберт Ристов ќе биде премиерно изведена вечерва во 19 часот во Салон 19, 19 во Културно-информативниот центар во Скопје. Автор на текстот е Стефан Тиќми,
Улогите ги толкуваат Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски. Аниматор е Јосип Здравковски, илустратор – Мила Филиповска, музиката е на Бранко Сапламаев, а костимите – Раде Василев. Ристов се погрижи и за сценографијата во претставата. Преводот од српски на македонски го направи Елена Пренџова. Претставата е во продукција на „Театар Провокација“.
Улогите ги толкуваат Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски
-„Јас сум Акико“ е претстава што нуди еден поинаков пристап од сето она коешто сме навикнати да го консумираме како претстава за деца. Ова не се однесува само на понудената содржина, туку и на иновативната и модерна естетика, која се препознава во специфичната аниме-креација на ликовите од видеата со кои комуницираат актерите од сцената. Овие ликови се илустрирани од дете за дете. Како илустратор се потпишува 13-годишната Мила Филиповска, додека останатиот тим се искусни автори од областа на театарската уметност, анимацијата и музиката – велат авторите.
Книгата „Јас сум Акико“ е споредувана со „Малиот принц“ и се вбројува меѓу 200-те најдобри детски книги во светот, според изборот на весникот White Ravens, кој го издава Минхенската библиотека. Добитник е и на наградата „Политикин забавник“, како и на плакетата „Детска книга на годината“.