Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечерва во 20 часот премиерно ќе бие изведена „Хелверовата ноќ“, во продукција на „Медиа артес“. Претставата е во режија на Александар Јовановски, а играат Даријан Петров и Јасмина Билаловиќ.
Базирана на истоимената драма на најпознатиот современ полски драматург, режисер и професор Ингмар Вилквист (алијас Јарослав Свијершч), напишана во 1999 година, претставата на суптилен и потресен начин ја прикажува чудната врска помеѓу мајка и посинок, млад човек со попреченост. Преку слоевитиот однос мајка-дете, старател-штитеник, брат-сестра, маж-жена, џелат-жртва, авторот гради интимна приказна за две различни суштества кои се обидуваат да најдат смисла и сигурност во свет кој секоја „различност“ ја дочекува со насилство и осуда.
Во атмосферата на тоталитарниот, фашистички занес од 1930-тите, „Хелверовата ноќ“ ја разоткрива трагичната судбина на оние кои не припаѓаат на мнозинството – оние за кои едноставно нема место во таков свет.





