Премиера на „Фамилијарна посета…“ од Аница Бебиќ

Претставата „Фамилијарна посета во 03:14:07 – 7 минути порано“ чиј текст е работен по мотиви на „Мајка и дете“ од Јон Фосе, во адаптација на Аница Бебиќ, која во претставата се јавува и како режисер и актер вечерва во 20,30 часот ќе биде изведена во салата за аеробик во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Заедно со Бебиќ на сцената ќе настапат и актерите Захарија Ангелеска и Филип Трајаноски.

– Што би направиле кога би сакале времето да се врати назад? Мајка напушта дете и кога веќе е пораснато момче повторно се среќаваат… во него се гледа себеси од младоста, кога и таа имала конфликт со мајката. Преку судир на три генерации во две различни епохи прашањата за феминизмот, религијата, родителско – детскиот однос, абортусот, осаменоста што ја чувствуваме кога сме со најблиските полека испливуваат на површина – ја објаснува Бебиќ својата претстава.

Кореографијата е на Маја Крстеска, онлајн реализацијата е на Илија Жоговски и Бранко Блажевски, кој воедно е и аудиовизуелен техничар. Плакатот го изработи Марија Стојанова.
Претставата ќе биде изведена во согласност со мерките за заштита од ковид-19.

 

Сподели