Премиера на документарецот „Гостивар град на културата и соживотот“ (ВИДЕО)

Со премиерата на документарниот филм „Гостивар град на културата и соживотот“ заврши проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“. Во просториите на Демокраси лаб и Центарот за млади и заедницата во Гостивар се одржа завршниот настан на кој беа презентирани дел од активностите и беше емитуван првиот документарен филм во историјата на постоењето на градот. Проектот е реализиран во рамките на Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLOaD2) која ја финансира Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).