Документарниот филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“ по сценарио и режија на Небојша Илијевски ќе биде премиерно прикажан вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје. Документарецот е филм за последиците од дејствувањето на властите, профитерите, бирократијата врз животите на „малите луѓе”, но и за спознанието за моќта на тој „мал човек”, кој е потиснуван од ароганцијата и заробен во своите стравови, мисли… Филмот го освестува потенцијалот да живееш наместо да живуркаш, фокусирајќи се на суштината, наместо на формата.

Продукцијата е на „Холистик филм“, со поддршка од Агенцијата за филм.Музиката е на Бобан Лазовски, камерата на Бошко Столиќ и на Томислав Георгиев, анимациите на Ратомир Цениќ, колаж артот на Маргарита Василевска, арт директор е Дејан Спасовиќ, а монтажата е на Небојша Илијевски.

– Без оглед на тоа дали се работи за решеност да се обелодени педофилија во црква знаејќи ги последиците од таквиот чекор, за допинг скандал кој што ти ја прекинува кариерата или за фактот дека си комплетно невидлив за системот и покрај успесите и вредностите што ги носиш, мудрост е да ги направиш работите што не можеш да не ги направиш, а притоа да не се изгубиш себеси – нагласува авторот Илијевски.

Есецијалната цел на филмот е гледачите да се охрабрат и да се мотивираат да се загледаат во своите лични приказни и да си понудат и пронајдат решенија кои ќе ги вратат кон себеси, кон нештата кои навистина се важни во/за животот, кон вистинскот „јас“.

„Човекот, постојано си ја бара слободата! Но, за жал, само надворешната слобода. Онаа која е
во релација со општествениот систем. Така, тој е определен на борба со општеството, но не и на борба со внатрешната психолошка структура која тој систем практично го искреирала. Значи, вистинскиот радикал се наоѓа внатре! Внатре во нас, а не таму надвор, во рамките на општествениот поредок“ – се вели во една реплика од филмот.

По проекцијата на докуметарниот филм ќе следи и четириесетминутна сесија со главните протагонисти и со авторот во што ќе биде вклучена и публиката, а после премиерата преку плаформата Аrrogance.mk, гледачите ќе имаат можност за интерактивен придонес кон целиот контекст на носење свесност за личната ароганција во однос на сопствените животи.
Продукцијата е на „Холистик филм“, а е поддржан од Агенцијата за филм.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.