Претставата „Да живее Долна Дупка“ од Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот во Театар Комедија. Во претставата играат: Горан Ников, Роберт Ристов, Јаков Спасов и Жаклина Стевковска.

Мајсторот на комедијата Коле Ангеловски е омилен кај публиката на Театар Комедија.
Со неговата „Ах, љубов моја“ во 2012 година театарот и официјално почна да работи, а во 2018 година ја постави „Не сега драга“.
Сценограф и автор на плакат е Илина Ангеловска, костимограф на претставата е Марија Ѓоргиевска, автори на музика се Оливер Митковски и Андреја Ристевски, фотографиите на Кире Галевски, проекциите на Михаил Петров.
Првата реприза е закажана за 30. јануари.





