Премиера на „Чекална“ во МКЦ

Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи премиера на претставата „Чекална“, по инспирација од делото Waiting room-Germany на Клаус Пол, драматизација на Ева Камчевска, во режија на Кристина Димитрова. Проектот е на „Атриум“ – граѓанско здружение за култура и уметност, чиј фокус се психолошки истражувања, едукативни, театарски и архитектонски проекти.

– Оваа документарна театарска претстава ја засновавме на нашето истражување за начините на кои непрестајната општествена транзиција се одразува врз личното секојдневие на луѓето во изминативе три децении. Во текот на истражувачкиот процес, интервјуиравме луѓе со различна културолошка, јазична, психосоциолошка и егзистенцијална позадина, и би сакале да им изразиме бескрајна благодарност што се осмелија да ни споделат лични и интимни сведоштва, кои пак, го добија својот драмски облик – велат од тимот.

Играат: Дарко Ристовски, Наталија Ристеска, Никола Ристески, Стефанија Митовска, Марија Димитрова и Томислав Давидовски. Продуцент е Дино Чупевски, а сценограф е Мартин Манев.

Сподели