Премиера на документарецот „Беласица“ во режија на Марија Апчевска

Документарниот филм „Беласица“ во режија на Марија Апчевска ќе биде премиерно прикажан денеска во 14.20 часот на првата програма на Македонската радио телевизија. Филмот го следи и го доловува богатото секојдневие на живеењето во заедница, за луѓето кои го поминале најголемиот дел од својот живот во институции.

Документарецот е изработен во рамки на проект финансиран од Европската Унија. Во продукцијата се вклучени кинематограферите Ѓорѓи Клинчаров и Фејми Даут, монтажерот Горан Вукич и дизајнерот на звук, Игор Поповски.

Сподели