„Преекспонирано“ на Венинова на меѓународен филмски фестивал во Индија

Филмот „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова ќе ја има својата азиска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Пуна, Индија. Филмот чиј англиски наслов е Things Unsaid е меѓу специјално избраните најдобри филмови од целиот свет во селекцијата „Глобално кино“ 21. издание на фестивалот.

Ова ќе биде прва премиера на азискиот континент, а фестивалот ќе трае до 9 февруари. Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А-фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа во ноември, минатата година.

Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан Митровиќ, сценариото на Венинова, монтажер е Гоце Кралевски, а костимите се на Жаклина Крстевска. Филмот е во продукција на ДНФ Филмс и  Гоце Кралевски, во копродукција со „Лилит“ од Србија.

Сподели