Предизвиците со кои се соочуваат „малите“ јазици во Европа

„Етничка свест и обиди за ревитализација на малцински јазици“ е насловот на предавањето кое проф. Леош Шатава од Словачка вчера го одржа на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Тој зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат т.н. „мали“ јазици во Европа, на пример оној на Лужичките Срби во источна Германија, меѓу кои професорот живеел шест години.

– Стана збор и за релативноста на терминот „последен жив говорител“ на одреден јазик, бидејќи доколку постојат обиди за ревитализација на истиот тогаш нови говорители можат да се појават и два века откако тој јазик еднаш бил прогласен за „мртов“ – велат од ИЕА.

Шатава предава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Трнава, Словачка, одделение за етнологија и воневропски студии, кој престојува на ИЕА во рамки на програмата за мобилност Еразмус+.

Сподели