Францускиот историчар и професор Бернар Лори ќе одржи предавање на тема „Историјата на Ромите на Балканот од средниот век до Првата светска војна“ утревечер во 19 часот во Јуроп хаус во Скопје. Модератор е Даниел Петровски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“. Предавањето ќе биде со симултан превод и е отворен за широка публика, вклучувајќи истражувачи, студенти, наставници, културни работници и сите заинтересирани за историјата на Балканот.
Низ темелен пристап заснован на историски извори, Лори ќе ги посочи динамиките на приспособување, интеракција и коегзистенција помеѓу ромското и локалното население, разбивајќи одредени предрасуди поврзани со нивната маргиналност.
Лори е автор на делото „Ромите на Балканот, 1280 – 1914“, кое проследува неколку века социјална, економска и политичка историја на ромското население во регионот.
Влезот е бесплатен со претходна резервација на линкот.





