Предавање на тема „Над-реалност: Транзиција на доживеаното искуство“

„Над-реалност: Транзиција на доживеаното искуство“ е насловот на предавањето и разговор на Џулиет Жак и Марија Божиновска Џоунс што ќе се одржи вечерва во 20 часот во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Користејќи активација поддржана од вештачка интелигенција како почетна точка, уметниците ќе ги истражуваат своите најнови дела преку дијалог на темите кои го поттикнуваат нивниот уметнички израз: доживеаното искуство и надреалното; јазикот и технологиите; и био/политиката и активизмот.

Џулиет Жак е писателка и филмска авторка со седиште во Лондон. Има објавено шест книги, меѓу кои: Trans: A Memoir (2015), Variations (2021) и The Woman in the Portrait (2024). Нејзината фикција, новинарски текстови и есеи се објавени во бројни публикации, а нејзините кратки филмови се прикажани низ целиот свет. Предава на Royal College of Art и на други места.

Марија Божиновска Џоунс е уметница која ги истражува врските помеѓу социјалните, компјутерски и органски архитектури. Своите дела ги претставила во бројни значајни културни институти, меѓу другото, на: transmediale / Haus der Kulturen der Welt и CTM (Берлин); Chronus Art Centre (Шангај); Sonic Acts Academy (Амстердам); Tate Exchange / Tate Modern; The Barbican; Whitechapel Gallery и во Somerset House (Лондон) како резидент уметник.

Сподели