„Антифашизмот како самоодбранбен споменик“ е насловот на предавањето кое уметникот Немања Цвијановиќ вечерва во 19 часот ќе го одржи во Музејот на современата уметност во Скопје. Презентацијата се фокусира на реализираната интервецнија на авторот „Споменикот на Црвената Риека – споменикот на самоодбрана“ реализирана во 2020 година во Риека, Хрватска, кој може да се разбере како промислен акт кој се спротивставува на подемот на национализмот како и националистичкото насилство.

– Ова конкретно дело претставува појдовно стојалиште во однос на конфротациите на фашистичкото и антифашистичкото наследство во Хрватска, но и пошироко, дефинирајќи го гестот на Цвијановиќ како ангажиран во однос на општествените текови, политиката, уметноста. Дискусијата ќе биде надополнета со презентација на монографијата „Антифашизмот како самоодбранбен споменик“ – велат организаторите.

Немања Цвијановиќ е роден во Риека, Хрватска. Дипломирал на Академијата за убави уметности во Венеција (1998), а магистрирал по проектирање и продукција на визуелна уметност на Универзитетот I.U.A.V во Венеција (2010). Соработувал со меѓународни институции, изложувајќи ги своите дела во многу музеи. Предавањето е во рамките на Интердисциплинарната програма насловена „Без/редие во светот на уметноста“.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.