Во рамките на 12. издание на Фестивалот за планински филм „Ехо“ денеска во 17 часот во џепното кино во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи проекција на пет филмови: „Со велосипед и кајак: Алпи“, на Олаф Обсомер, Германија, „Во планината“, од Лукас Ратон, Бразил, италијанскиот „На работ на небото“ од Џанандреа Карпанцано, „Одржувајќи рамнотежа“ на Михаил Лиников, Русија и „Салто е Кралот“ на Павол Барабаш од Словачка.
Во 19 часот во паркот пред МКЦ презентација на своите активности ќе одржи Македонското еколошко друштво. Почнува со проекција на краткото видео „Луѓе и Предели“ од Фросина Пандурска-Драмиќанин. Д-р Даниела Јовановска од Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе одржи предавање на тема „Пределите на Шар Планина“, премиерно ќе биде прикажано истоименото кратко видео од Тони Стојановски, а д-р Драган Арсовски од МЕД ќе одржи предавање на тема „Интересни факти за змиите во Македонија“.
Фестивалот продолжува во 20,30 часот со промоција на книгата „Зима на 8000 – Искачување на највисоките врвови во најстудената сезона“ од авторката Бернадет Мекдоналд, па следува прикажување на полскиот филм „Ледените воини“ од Кшиштоф Вјелицки, Јен Широки и Ана Мариа Филипов.
Во 22 часот ќе виде прикажан италијанскиот „Мојот превртен свет“ од Елена Гоатели.





