Пред распродавање утрешниот концерт омаж за Зафир Хаџиманов

Пред распродавање е концертот посветен на легендата Зафир Хаџиманов, закажан за утревечер во 20 часот во Филхармонијата. Со овој и двата концерти на „Галија“ (синоќа и вечерва), „Авалон продукција“ ќе го почне одбележувањето на 30 години постоење. На концертот во чест на Хаџиманов ќе настапат: Васил Хаџиманов бенд, Бисера Велетанлиќ,
Калиопи, Коле Ангеловски, Никола Ристановски, Сашо Гигов – Гиш, Марта Хаџиманов и
Виктор Тумбас.

– Да бидеме реални, Македонија нема многу легенди како Зафир Хаџиманов, признати регионално и пошироко. Зафир не’ напушти некако тивко, во едно лошо време, во време на короната и до ден денес тоа воопшто и на ниту еден начин не се одбележа во неговата матична земја, Македонија. Токму тоа не’ натера, во рамките на програмата ,,30 години Авалон Продукција” да му го предложиме овој проект на неговиот син, успешниот и квалитетен музичар Васил Хаџиманов, кој тој со задоволство го прифати, а ние со уште поголемо задоволство го најавуваме. Ќе се славиме животот и делото на Зафир Хаџиманов со многубројни гости музичари и уметници за кои сме сигурни дека ќе ни овозможат да уживаме во дел од неговиот творечки опус – велат од „Авалон продукција“.

Влезници може да се набават на онлајн на ticketx.mk, како и на продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

Сподели