„Правда за кратката проза“ од Ненад Јолдески

Сонувам како со Иван Шопов се бориме за кратка проза. Ровот во кој сме напикани изгледа ко секој ров – грозно. Ние сме наоружани до заби. Му велам: чоек, шо прајме море овде? Што да правиме Ненаде, ми враќа, се бориме, и го репетира пиштолот. Против кого се бориме море луд еден, му велам. Не знам како воопшто успеа ме довлечкаш овде… Ако не ти одговара оди си, ми вели, само внимавај каде газиш. Нормално дека че си одам, му враќам, не сум луд ко тебе! Башка гајле ми е за кратката проза и јадрото на расказот. Си одам! Чао! Оди си, ми вели и заминува низ ровот.

Се разбудив нервозен, уморен и со главоболка. Го проверив телефонот. Имаше порака од Иван Шопов: „Изгубивме. Ти си предавник. Никогаш не ќе успееш да завршиш уште еден расказ.“

Насловна илустрација: Генерирана со ВИ – ChatGPT / Промпт: Весна Ивановска-Илиевска

Сподели