„Родителите и децата од дигиталната генерација“ е насловот на онлајн-вебинарот кој ќе се одржи денеска во 18 часот. Предавањата ќе ги одржат искусните професорки и предавачки Тамара Ќупева и Ирена Христовска. Вебинарот е наменет за наставници од основните училишта и кадарот од предучилиштните установи, а ќе се одржи на македонски јазик со симултан превод на албански јазик.
– Употребата на новите технологии во наставата е голем предизвик кој постојано ги менува потребите на едукаторите. Наша цел и овојпат е преку предавања кои вклучуваат практични и актуелни теми, да ја поттикнеме вашата професионална надградба. Токму затоа, фокусот го ставивме на вештините потребни за спроведување на иновативни наставни методи, како и стекнување практични вештини за алатки кои би ги применувале во наставата – велат организаторите.
Тамара Ќупева е доктор по филолошки науки, научен соработник во Институтот за македонска литература и долгогодишна професорка во средно училиште. Веќе неколку години активно работи на полето на медиумската писменост и педагодијата. Авторка е на две книги-прирачници за студенти и наставници, една монографија и на уште десетици блогови и текстови во научни списанија.
Ирена Христовска е магистер по политички науки, комуникација и медиуми, долгогодишен просветен работник, едукатор и обучувач за наставници, родители и деца. Таа е регионален мастер обучувач за неуро-лингвистичко програмирање на деца, млади, наставници и родители.
Повеќе информации на линкот.





