Пожарот во Трубарево пренасочи четири училишта на онлајн настава

Онлајн настава од денеска до петок ќе имаат основците во четири училишта во скопската Општина Гази Баба, во близина на Трубарево поради загадениет воздух од пожарот што изби завчера во магацинот со отпадна пластика, батерии и електронски отпад на рециклаторот „Ф-Групација“. Министерството за образование и наука соопшти дека онлајн настава ќе имаат основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“

– Поради настанатиот пожар во Трубарево и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација – соопшти МОН.

Сподели