Пожарот во Трубарево низ објективот на Тоше Огњанов

Институтот за јавно здравје препорачува како граѓаните да се заштитат од опасниот воздух

Остар мирис на хемикалии се чувствува и денеска во Скопје откако вчера во Трубарево се запали магацин со отпадна пластика, батерии и електронски отпад на рециклаторот „Ф-Групација“. Поради концентрацијата на опасни материи во воздухот вчера беше препорачано жителите што живеат околу локацијата привремено да ги напуштат домовите. Јавниот обвинител вчера побара поддршка до Началникот на Генералштабот на АРМ и во истражувањата се вклучи Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана која мереше хемиска и токсична контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот. Првичните мерења се веќе доставени до Обвинителството.

Институтот за јавно здравје препорача:

– Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух и се чувствува загаден воздух, особено во подрачјата на непосредна близина, да останете внатре и да ги затворите прозорците и вратите;
– Да исклучите вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух, за да се спречи навлегување на чад и загадувачи во просториите;
– Редовно да ги следите официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот;
– Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени да избегнуваат каква било активност на отворено;

– При неопходна нужност за движење на отворено, во области во непосредна близина на опожарени места, да користите соодветни маски;
– Установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група;
– Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото;
– Секој што ги забележува овие симптоми да побара медицинска помош веднаш;
– Да се воздржите од контакт или приближување до отпад од т.н. погодени подрачја сè додека не се добие официјална дозвола за пристап;
– Да ги почитувате сите инструкции од институциите за јавно здравје и службите за итна помош.

Фото: Тоше Огњанов

Сподели