Отворен е повик за учество на работилници во рамките на иновативниот, интердисциплинарен проект „Алгоритамски пејзажи на Скопје“. Проектот ги спојува урбаната фотографија и вештачката интелигенција (AI) за да создаде уникатни дигитални интерпретации на културни знаменитости и урбани локации во Скопје. Работилниците се наменети за млади, мотивирани и креативни учесници, студенти и млади професионалци од различни креативни дисциплини и AI ентузијасти, а ќе се одржат на 18 и 19 октомври.
Под менторство на Бранко Ристовски и Илија Тирицовски, искусни професионалци од областа на културата и современите визуелни уметности, ќе се одржат едукативни работилници за урбана фотографија, фотодокументирање на урбани простори и локации и нивна креативна обработка со AI алатки.
Пријавувањето е отворено до 5 октомври на е-пошта: flatform.film@gmail.com. Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам.





