Повик за учество во аудиособата на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува Повик за театарска музика што ќе биде преслушувана во аудиособата на фестивалот.
Секој заинтересиран композитор/музичар што создал театарска музика и сака да ја сподели со публиката за време на фестивалот, може да ја испрати на следнава електронска адреса contact@mtf.com.mk и да ги наведе следните податоци: aвтор на музика, наслов на претставата, автор, режисер, продукција, датум на премиера и линк до музиката.

Аудиособата, како дел од придружната програма на фестивалот, има за цел на публиката да ù ја претстави современата театарска музика како интегрален дел во развојот на македонскиот театар. Пријавите треба да содржат оригинални композиции чија првенствена намена е нивното користење во претставата за која се продуцирани.
За пријавите што ќе бидат избрани како дел од аудиособата на МТФ „Војдан Чернодрински“ не следува финансиски надомест. Организаторот го задржува правото да ја курира аудиособата како што смета дека е соодветно.

Повикот ќе биде отворен до 12 мај.

Сподели