Повик за резиденција за млади визуелни уметнички во Задар

Млади визуелни уметници на возраст од 22 до 29 години може да се пријават на претстојната резиденцијална програма, што ќе се одржи од 3 до 18 мај во Задар, Хрватска. Престојот е наменет за уметнички што работат на полето на визуелните уметности, а е дел од проектот „Подемот на жените во културата на Западен Балкан“.

Програмата ќе обезбеди простор и услови за индивидуални и колективни креации и производство на уметнички дела, размена на знаење меѓу млади уметници и кураторки. На крајот на резиденцијата, делата ќе бидат дел од колективна изложба во физичка и виртуелна реалност. За време на двонеделната резиденција, ќе се организира и панел дискусија со фокус на моменталната позиција и улога на жените на независната културна сцена и во секторот на креативните и културните индустрии.

Можете да се пријавите најдоцна до 10 февруари. За повеќе прашања, може да се обратите на artr[email protected].  Повеќе детали прочитајте на следниот линк. Во рамки на проектот, во мај минатата година во Мала станица беше отворена изложбата „Жени за жени“, на која учествуваа неколку наши уметнички.