Повик за наставници од основни училишта да напредуваат во ментори

До 20 февруари е отворен повикот за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор“, соопшти Министерството за образование и наука. Може да се пријави наставник од основно училиште кој ги исполнува условите според Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта.

– Кандидатот треба да има најмалку 7 години работни искуство како наставник, да е вработен на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник-ментор. Ги повикуваме сите наставници што ги исполнуваат условите да ја поднесат својата пријава, да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор“ и да си обезбедат повисок личен приход – велат од МОН.

Во повикот е наведена листа со општини и училишта на кои се однесува повикот. Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk.

Насловна фотографија: МОН