Повик за млади уметници да создадат дела инспирирани од „Пред дождот“

Повик за млади уметници објави Кинотеката во рамките на одбележувањето на 30 години од снимањето на филмот „Пред дождот“. Конкурсот насловен „После дождот“ е наменет за млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници.

Заинтересираните треба да снимат оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе искористат барем една реплика од „Пред дождот“, на кој било видео формат. Или да креираат оригинален плакат, оригинален ремикс на музиката од филмот или друго уметничко дело инспирирано од филмот.

Наградите ќе бидат објавени наскоро. Рокот пријавување е 1 октомври. Сработените трудови пратете ги на: [email protected] или на адресата: Кинотека на Република Северна Македонија, „Никола Русински“ бр. 1.

Сподели