Три уметнички проекти ќе добијат буџет од 30.000 денари на повикот што го објави Центарот за современи уметности – Скопје. Повикот се однесува на сите уметници, ликовни критичари и куратори чии проекти/изложби кои ќе бидат реализирани во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонија од септември од ноември, годинава.
– Во рамките на своите напори за создавање долгорочно одржлив независен простор за уметничко и граѓанско делување и изразување овозможуваме финансиска поддршка на уметничката продукција во Мобилната/монтажна галерија како простор за слободно изразување и делување на уметниците, креативните групи, активистите, цивилниот сектор и креативните граѓански идеи – велат од Центарот за современи уметности – Скопје.

Финансиска поддршка ќе добијат 3 проекти. Проектите можат да бидат самостојни или групни проекти, мултимедијални проекти на уметници/куратори/уметнички групи. Проектите што нема да бидат поддржани и доколку комисијата смета дека е потребно, а авторите прифаќаат, можат да бидат просторно и логистичко/технички поддржани и имплементирани во Галеријата.

Проектите ќе бидат селектирани од жири на Центарот. Не постојат ограничувања во изборот на медиумот, или пак во старосната граница на авторите. Пријавата може да ја симнете ТУКА.

Насловна фотографија: Дело од изложбата „Градината“ на Маја Џеповска отворена во Мобилна/Монтажна галерија во 2019 година

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.