Повик за актери за програмата ReActing as a Star

Здружението на актери на Македонија ги кани професионалните актери да се пријават на повик, што го организира кастинг-платформата е-TALENTA i KRAFFT фестивал, како дел од програмата ReActing as a Star.  Ќе бидат избрани двајца актери кои ќе можат да учествуваат бесплатно на програмата. Кандидатите треба да снимаат видео за кое повеќе може да прочитаат на следниот линк.

Учесниците се избираат од филмските комисии на земјите-учеснички. За ова ќе се одржи онлајн видеопредизвик на e-TALENTA. Независно жири составено од актери, кастинг директори и професионалци од индустријата ќе ги избере најдобрите видеа.

Повикот е отворен до 28 апри (најдоцна до 16 часот), а може да се пријавите на следниот линк. Крајниот рок за поднесување на видеото е 2 мај 2023 година во 23:59 часот по средноевропско време.

ReActing as a Star ќе се реализира од 14 до 17 јуни годинава, а целта е да се поттикне вмрежувањето помеѓу филмските и аудиовизуелните актери во балканскиот регион и да се зголеми нивното присуство во европската филмска индустрија.

e-TALENTA оваа година е партнер на фестивалот KRAFFT во Крањ.

Целта на програмата е да ги поврзе актерите, кастинг-директорите и агентите и да ги промовира и регионално и меѓународно. ReActing as a Star е дизајниран како настан за вмрежување каде актерите можат да создадат нови деловни можности и во исто време да ги зголемат своите компетенции и да го прошират своето знаење, па оттука и мотото: „Играј локално, дејствувај глобално!“.

Сподели