Во киното „Мис Стон“ во Прилеп вечерва во 20.30 часот ќе се одржи 11. Национален слем натпревар. За титулата национален/а победник/победничка се пријавени повеќе од 30 слемер(к)и, а во живо ќе се натпреваруваат: Габриела Стојаноска-Станоеска, Горазд Китановски – Кени, Дарко Гроздановски, Дафина ,,Даффне” Веселиноска, Дијана Петкова, Илијана Ѓоргиева, Ирена Јурчева, Корнелија Јосифова, Кристина Ставревска, Константин Карев, Марија Грубор, Марина Икономова Шокева, Никола Дукоски, Оливера Доцевска, Сандра Авросиевска, Софија Александар, Софија Бислимоски, Софија Тодороска, Тања Кузманоска, Тихомир Јанчовски и Цветанка Колева.

Организатори на слем натпреварувањето се „Театарска работилница“ – Прилеп и Игор Трпчески – Трпче, во коорганизација на Елена Пренџова.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.