„Поткровје“ во режија на Александар Ивановски на Скопско лето

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата Скопско лето вечерва во 20 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар ќе биде иузведена претстава „Поткровје“, според „Цената“ на Артур Милер, во режија на Александар Ивановски. Играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Сценографијата е на Ненад Тонкин, а плакатот го дизајнираше Тео К. Атанасовски.

– Се е прашање на гледна точка, и ако не можете да ја разберете гледната точка тогаш невозможно е да ја разберете цената. Поткровје е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството, и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле – велат организаторите.

Сподели