За празниците и празнувањето: Поткаст со етнологот Даворин Трпески (ВИДЕО)

Празнувањата и обичаите отсекогаш биле силно присутни кај македонскиот народ. Како технолошкиот развој, глобалниот интернет и дигитализацијата во изминатоте 20-30 години влијае на овие процеси? Колку младите денес ги негуваат обичаите, во време на социјални мрежи, Инстаграм, Тик-ток видеа… Можно ли е празниците и обичаите кои се дел од духовното наследство на еден народ да се заштитат од изумирање…

На овие прашања разговараме со д-р Даворин Трпески, етнолог, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Тој е еден од соговорниците во поткастите кои се дел од проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“ што ги изработи тимот на Умно.мк. Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на овој видео материјал, како и наодите што се изнесени во него одговорно е исклучиво Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина – Полог“ од Гостивар и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обеднитетите нации (УНДП).

Сподели