Во Галеријата на Факултет за ликовни уметности во Скопје (Педагошка насока) вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена голема постхумна изложба на ликовни дела од Андријана Мациев. Воедно ќе биде промовиран алманахот „Љубов за сите“. Мациев на 12 мај ја изгуби борбата со ракот.

– Ова се два настана во едно зашто Андријана го заслужи тоа, уште со своето битисување на Земјата. Огромно количество на љубов се слеа за нашиот ангел, за мојата Ан, затоа што таа беше љубов и само љубов даруваше. Сите напишани стихови за Андријана, по повод нејзиното заминување, една прекрасна жена, поетесата Гордана Такец реши да ги собере во книга и да ги издаде под покровителство на нејзината издавачка куќа „Графопром“ од Битола – вели Јулија Мициевска, мајка на Андријана.

Алманахот е насловен „Љубов за сите“ според зборовите на Андријана, кои таа имаше обичај да ги напише на крајот од своите пораки, преку постовите на социјалната мрежа „Фејсбук“.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.