Уште денеска и утре трае пријавувањето за државниот електронски натпревар Пи-ден“ што ќе се одржи на 13 март, а го организира Сојузот на математичарите на Македонија. Организторите велат дека задачите имаат логички карактер, одговараат на возрасната група на која се однесуваат и организирани се во три групи со различна тежина од 1, 2 и 3 поени, соодветно.

– Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех. Во конечниот пласман ќе има влијание и времето за кое се испратени одговорите на задачите – велат од СММ.

Натпреварот ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош ученикот може да пристапи до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите. Повеќе информации ТУКА.

Фото: Pixabay

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.