Уште денеска трае регистрацијата на 7. Семинар „Математика и примени“ кој в петок ќе се одржи на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
– Ве очекуваме сите за да заедно ù одадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата и животот воопшто – велат од Институтот.





