Последен ден за пријавување на раскази што ќе бидат парично наградени

Денеска завршува наградниот конкурс „Раскажувам фотографија“ на Фондот на холокауст на Евреите од Македонија. Заинтересираните до крајот на денот може да го испратат разказот во кој треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија во минатото. Расказот треба да биде на оснобва на фотографија објавена на фејсбук-страницата на Фондот.

Според пропозициите, расказите не треба да бидат подолги од 100 реда (три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери). Авторите може да пишуваат на македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски или англиски јазик, а расказите да не биле досега објавувани. Право на учество имаат сите полнолетни лица, веќе афирмирани, но и оние кои досега немаат објавувано. Секој учесник може да учествува на конкурсот со најмногу три раскази.

Ќе бидат доделени три награди, прва – 25.000 денари, втора – 15.000 денари и трета награда – 10.000 денари. Фондот го задржува правото за објавување на наградените. Најдобрите раскази, според жирито, ќе бидат објавени на бејсбук-страницата на Фондот на холокаустот. Сите учесници ќе добијат благодарница за учеството на конкурсот.

Ракописите треба да се испратат на: [email protected] со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 10 декември, а на добитниците ќе им бидат врачени на 28 декември – Ден на возобновување на Еврејската заедница во Македонија.

Насловна фотографија: Фонд на холкауст на Евреите од Македонија

Сподели