Последен рок за пријавување новинарски приказни на конкурсот на СЕММ и ОБСЕ

До утре е отворен конкурс за најдобри новинарски стории „Инклузивно известување за различностите и предизвиците во образованието“ што го објави Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Повикот е отворен за сите професионални новинари и редакции во Македонија за приказни објавени од 1 мај лани до 1 мај годинава.

– Критериумите за наградите вклучуваат автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес, која ги задоволува највисоките етички стандарди во новинарството. Пријавите може да биде во каква било новинарска форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју) – велат организаторите.

Најдобрите приказни ќе ги одбере жири составено од реноминирани претставници на професијата. Авторите на најдобрите стории ќе ги добијат три награди:
Прво место – ИТ опрема со противвредност од 900 евра;
Второ место – ИТ опрема со противвредност од 700 евра;
Трето место – ИТ опрема со противвредност од 600 евра.

Сите новинари-поединци и редакции можат да пријават до три приказни. Апликациите треба да се испратат по е-пошта на [email protected]. Пријавите мора да вклучуваат линк до новинарската содржина која треба да се прикачи како додаток во е-пошта (pdf документ).

Сподели